ЕВРОПСКА ПРОГРАМА ЗА СИСТЕМИ НА МОТОРЕН ПОГОН - MOTOR CHALLENGE PROGRAMME

Програмата за системи на моторен погон (започната во 2003 г.), е волонтерска програма на Европската Комисија, која има за цел да им пружи помош на индустриските компании во подобрување на енергетската ефикасност на нивните Системи на моторен погон. Во системи на моторен погон спаѓаат: системи за компримиран воздух, пумпни системи, вентилациски системи и погонски мотори како електромотори и контолери на брзина, како и трасверзални модули како политика за раководење со моторни системи. Целта за значајно подобрување на енергетската ефикасност кај крајните потрошувачи е главна компонента на енергетската и политиката за животна средина на ЕУ, која што е заедничка за сите земји членки на ЕУ. Главниот Директорат за енергија и транспорт на ЕУ придонесува кон оваа цел низ серија на активности во рамки на програмата SAVE и нејзиното продолжување под закрила на програмата „ Интелигентна енергија за Европа.“ Македонскиот центар за енергетска ефикасност е национален партнер на Motor Challenge Programme од март 2007 г. Центарот е отворен за сите индустриски компании кои што се заинтересирани за повеќе информации во врска со програмата.

МАЦЕФ е официјален партнер на кампања за Одржлива енергетика на Европа

Sustainable Energy Europe 2005-2008

Од месец јули МАЦЕФ е овластен да го користи логото на оваа кампања а сите активности според однапред утврдена програма ќе бидат објавувани на официјалниот портал на www.sustenergy.org .
Оваа активност е прв обид на македонска организација да при-донесе за унапредување на определбите на ЕУ и Европа поши-рико за исполнување на утрвдените цели на поле на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, чист транспорт и алтернативни горива. Оваа кампања е иницијатива на ЕК одно-сно програмата за Интелигентна енергија на Европа.
Промотивните активности на МАЦЕФ во областа на енергетската ефикасност не’ квалификуваа како официјален партнер во оваа кампањата.