МАЦЕФ учествува во проектот како претставник на Македонија: Affordability of Utility Services in Urban Housing: Energy and Water Efficiency Solutions for Europe & Eurasia , Client: Alliance to Save Energy (USA), collaboration with EnEffect (BG) and Institut “Hrvoje Pozar” (CR), 2005-2006.
Македонски партнер во проектот: Municipal Energy Efficiency Planning for Buildings, тренирање на претставници на администрацијата на општините Сарај, Карпош, Центар и Гевгелија, финасиран од Норевешката влада и делумно од УНДП 2005-2006.
МАЦЕФ учествува во проектот како претставник на Македонија: Urban Heating in Europe & Eurasia: Experience from the Transition and Future Directions, Client: Alliance to Save Energy (USA), collaboration with EnEffect (BG) and Institut “Hrvoje Pozar” (CR), 2005-2006.
Македонски партнер во проектот: Key Number Software, Financed by Norwegian Government, тренирање на тренери каде се учесници претставници на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, 2005-2006.
МАЦЕФ е учесник во проектот: Macedonia Municipal Energy Efficiency Program, Collaboration with International Resource Group (USA) and EnCon Services (USA), Client USAID/DAI, FUND MDW/MGGF, 2005-2006.
Паралелно со Саемот за Енергетика, под покровителство на Министерството за Економија на Република Македонија, МАЦЕФ организираше и Недела на енергетиката 2004 која траеше 5 дена во кои се одржаа вкупно 6 меѓународни манифестации:
- Опрема и системи за енергетска ефикасност;
- Инвестиции во енергетиката во регионот во наредниот период;
- Трајни енергетски извори и градскиот смет како енергетски извор;
- Еколошка и економска оправданост за примена на гасот во Македонија;
- Енергетската ефикасност како можност да се смалат трошоците на локалната самоуправа;
- Можности за примена на мали хидроцентрали во Македонија;
- Состанок на Стопанска комора, Одбор за енергетика Примена на сончевата енергија во Земјоделието.
Учествува во енергетската контрола на училиштата во општина Сарај. Изработена е предлог-програма за финансирање од фондот на USAID / MDW - MGGF, за примена на мерки за енергетска ефикасност. Проектот е прифатен и реализиран. При тоа развиен е проект за вклучување на младите – проектот е реализиран во 2005 година.
Учествува во енергетската контрола на училиштата и објектите кои се во надлежност на општина Кичево . Изработена е предлог-програма за финансирање од фондот на USAID / MDW - MGGF , за примена на мерки за енергетска ефикасност во едно средно училиште и старечки дом. Проектот е прифатен и делумно реализиран во 2005 година. Целосната реализација се очекува во 2006 година.
Учествува во енергетската контрола на училиштата и објектите кои се во надлежност на општина Велес. Изработена е предлог-програма за финансирање од фондот на USAID / MDW - MGGF, за примена на мерки за енергетска ефикасност во едно средно и едно основно училиште. Проектот е прифатен, финасиите се обезбедени и целосната реализација се очекува во 2006 година.
Реализирана обврската добиена од Министерството за образование и наука да се изврши енергетска контрола на системите за греење во 3 основни училишта во Скопје, 2003 год. |