Учествува на тренинг курсот организиран од страна на ПРОАКТИВА, со предавање од областа на енергетската ефикасност и мерките кои се превземаат во Македонија, организиран во Охрид, 2003 година.
Во октомври и ноември 2003 година се одржаа 4 тренинг курсеви во Скопје, Маврово, Кавадарци и Кочани на тема „Енергетска ефикасност и трошоците на општината”. Присуствуваа членови на општинските совети од околните општини, вкупно 30 општини со околу 90 учесници. При тоа беа организирани и презентации на производи кои беа релевантни за изложуваната проблематика од фирмите Термокинг- горилници, котли, соларни колектори и автоматика за ефикасно водење на процесите, АДИНГ – современа изолација за смалување на термичките загуби на објектите, ФОНКО – примена на мали когенеративни постројки и топлински пумпи, ТИНГ – производство на соларни колектори и процесна опрема.
Членови на МАЦЕФ учествуваа активно како соработници на американската фирма NEXANT при изработката на Стратегијата за енергетска ефикасност на Македонија со Акционен план и тоа во деловите – Јавно осветление, топлификација и когенерација, јавни објекти и користење на отпадна енергија.
|