На почеток...

Македонска
О
пштинска
М
режа за
Єнергетска
Є
фикасност

 
 

 

 

Почитувани,

 

Ја користам оваа прилика да Ве запознаам со активностите превземени да се ефектуира поврзувањето меѓу општините во областа на Енергетската Ефикасност (ЕЕ).
Со новите ингеренции на локалната самоуправа, на товар на Општините се доделуваат определени дејности за кои треба да се издвојат средства за нормална работа. Голем дел од тие средства се потребни за покривање на трошоците за енергија. Со мерките за енергетска ефикасност овие трошоци можат знатно да се смалат, а со тоа да се намали притисокот на општинските буџети, или заштедените средства да се пренаменат за други активности.
Општинските совети не располагаат со доволно знаење и информации (освен во определни исклучоци) за можностите кои се отвараат со примената на мерките за Енергетска Ефикасност
ЕЕ. Од таа причина МАЦЕФ – Центарот за енергетска ефикасност на Македонија може да го ублажи овој проблем со активното вклучување на своите експерти (1 академик, 17 доктори на науки, 4 магистри и поголем број економисти и инженери од различни профили).
Во овој момент МАЦЕФ се јавува како организатор на работата на оваа национална мрежа, превземајќи ги на себе организационите задачи, информирањето на општините и советнички услуги од својот домен.
Со здружувањето во мрежата МОМЄЄ општините ќе ги реализираат следниве придобивки и предности:

 
  • Зголемување на ЕЕ како средство за разрешување на важни национални задачи од енергетската и еколошката политика.
  • Намалување на буџетските расходи за енергија на општината и создавање услови за искористување на заштедените средства за друга намена од приоритетната листа на општината.
  • Смалување на потрошувачката на енергија кај крајните потрошувачи на ниво на општина и создавање на поволна клима за општествена поддршка за спроведување на општинската политика за штедење на енергија.
горе
 


Со зачленувањето ќе си овозможат:

  • Меѓусебна размена на информации (преку МАЦЕФ) за техничките постигнувања и нови технологии за слични пректи кои се предвидени на општинско ниво (рехабилитација на згради-школи, администрција, градинки, домови; улично осветление; водовод; пречистителни станици; собирање на комунален смет).
  • Заедничка разработка и управување со ЕЕ проекти.
  • Меѓусебно помагање за надминување на пречките за ефикасно користење на енергијата.
  • Директна помош на Општинските служби при изработката на апликацијата за доделување на средства од фондот на УСАИД – MDW (Make Democracy Work) и MGGW ( Municipal Good Governance Fund – вредност 2 милиона долари). Во овој проект кој ќе трае цела година МАЦЕФ е директно вклучен при подготовкаста на основната документација за конкурирање за средства потребни на општините. Од таа причина сметаме дека дополни­телната помош ќе биде драгоцена.
  • МАЦЕФ организира тренинг курс за обука од областа на енергетска контрола на објектите, со поддршка на Норвешката влада. Членовите на мрежата ќе имаат пристап до вкупната документација, а ќе добијат и бесплатен софтвер кој ќе можат да го користат за свои потреби при изработката на Плановите за економски развој на општината, поттикнувањето на малите претпријатија и изработката на енергетските биланси.
  • Добивање на печатените материјали приготвени од МАЦЕФ бесплатно, или со бенефицирана цена.
  • Информации за меѓународни фондови од каде можат да се побараат и добијат грантови за предвидените проекти.
  • Техничка помош при приготвувањето на апликациите за овие грантови.
  • Предност при обуката која се реализира од страна на меѓународните асоцијации.
  • Пристап до сите податоци со кои располагаат меѓународните асоцијации од оваа дејност, врз основа на членувањето на МОМЄЄ во нив.
  • Организирање на посета на градови и објекти надвор од нашата земја каде што се реализирани успешно проекти, кои се предвидени во планот на општините.
  • Учество на регионалните средби за размена на искуства од областа на Енергетската Ефикасност и Заштитата на околината (Екологијата).
  • Добивање на податоци за квалитетот на опрема која им се нуди во проектите за кои се обезбедени финасиски средства.
  • Лобирање за интересите на членовите на мрежата.
горе
 


За да се обезбеди успешно функционирање на мрежата МОМЄЄ, покрај зачленувањето потребно е да се определи една личност на ниво на општината која има пристап до компјутер со интернет врска (од редот на советниците или друга соодветна личност која сака да биде активно вклучена во работата на мрежата) која ќе биде одговорна да ги пренесува информациите до Градоначалникот и до Советот на општината (по потреба).
Информациите кои редовно ќе ги добивате се однесуваат на работата на поголем број асоцијации, фондации и институции од оваа област; дел од нив се:

горе
  1. USAID
  2. BISE – Better Integration for Sustainable Energy – Во оваа организација МАЦЕФ е член на секретаријатот, а на есен ќе се одржи Форум во Софија на кој можат да присуствуваат членките на МОМЄЄ
  3. Smart Communities Network
  4. Energie-Cites, асоцијација на Европските градови во која се промовира политика на лока ­ лен одржлив развој, а располага со извонредна база на податоци за успешно реализирани проекти.
  5. Municipal Network for Energy Efficiency - MUNEE – Регионална мрежа поддржана од Alliance to save Energy ( членки се Бугарија, Србија, Босна, Романија, Молдова, Балтичките земји, Словачка, Чехија). Преку оваа мрежа и соработката меѓу членките се посветува посебно внимание на: развивање проекти од област на ЕЕ, Енергетски биланси, Енергетски менаџмент, Ефикасно водоснабдување, Децентрализирано топлифицирање – когенерација.
  6. Sustainable Energy Finance Directory База на податоци за финансиери во област на ЕЕ.
  7. Alliance to Save Energy
  8. BASE - United Nations Environment Programme
  9. European Commision
  10. Energy Efficiency Legislation – Промоција на енергетска ефикасност кај корисниците, енергетски сервис, енергетска ефикасност во згради и др.
  11. REEP – Renewable energy and Energy Efficiency Partnership
  12. U.S. Department of Energy    
  13. The European Council for an Energy Efficient Economy – ECEEE –
  14. Energy server
  15. e-Parliament, “Intelligent Energy Action Network”
  16. Development Gateway
  17. ManagEnergy
  18. NATO Science for peace
  19. Carbon Market - from Point Carbon
  20. Euromoney Institutional Investor PLC,
  21. The Regional Environmental Center for Central and Eastern Europe (REC)
  22. RENEUER – Regional network on Efficient Use of Resources ( членки се: Македонија, Албанија, СиЦГ, БиХ, Хрватска, Бугарија, Романија, Молдова)
  23. CIDA-EBRD Cooperation Fund for Southeastern Europe ( Centre Canadien d'etude et de cooperation internationale)
  24. SDC – Swiss Agency for Development and Cooperation
  25. ADA – Austrian Development Agency
горе
 
Во прилог Ви ги набројуваме дејностите каде што може да се применат мерките за енергетска ефикасност, а произлегуваат од задачите добиени со Законот за локална самоуправа:
горе
  • Заштитата на животната средина и природата;
  • Локалниот економски развој;
  • Снабдувањето со вода за пиење;
  • Одведувањето и пречистувањето на отпадните води;
  • Јавното осветлување;
  • Одведувањето и третманот на атмосферските води;
  • Собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад;
  • Уредувањето и организирањето на јавниот локален превоз на патници;
  • Снабдувањето со природен гас и топлинска енергија;
  • Изградбата и одржувањето на уличната сообраќајна сигнализација;
  • Социјалната заштита и заштита на децата - детски градинки и домови за стари (сопственост, финансирање, инвестиции и одржување);
  • Домување на лица со социјален ризик;
  • Образование - основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта;
  • Организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови;
  • Управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита;
  • Одржувањето и изградбата на објекти за спорт.
 
 
Пристапница - pristapnicaMOMEE.pdf (214KB) Преземи

 
 


За сите дополнителни информации Ви стоиме на располагање на телефоните:
02 3099 216, 070 22 85 77, 075 22 85 77, факс: 02 3061 013 и
на електронска пошта: macef@mf.ukim.edu.mk kokan@ukim.edu.mk

 


Со почит,
Проф. Д-р Константин Димитров
Претседател на МАЦЕФ

горе
Линк кон Energy Saving International AS
Линк кон RENEUER
Линк кон ManagEnergy
Линк кон Alliance to Save Energy
Линк кон BISE
© 2006. МАЦЕФ - Македонски Центар за Енергетска Ефикасност | Правна рамка
Urbanized by 6th Star