Книга со наслов „Топлински турбини“ за потребите на наставната програма по истоимениот предмет на Машински Факултет Скопје.
Книга (225 страни) со наслов „Енергетска ефикасност“ за потребите на локалната самоуправа. Приготвена е брошура ВОДАТА Е НЕОПХОДНА И НЕНАДОМЕСТЛИВА, на 64 страни во колор, а печатењето делумно го помогнаа ЗЕЛС како и Скопски саем. Оваа брошура беше испратена во сите општини на Македонија. Во неа се прикажани и мерки за штедење на вода во домаќинства, како и во комуналните водостопански претпријатија, а и можностите за дијагностицирање на оштетувања на подземните цевководи.
Изработена e студијата „Елиминирање на загадувањето на кругот на Медицинскиот центар во Битола од штетна емисија на продукти на согорување”, финансиран од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање –2005-2006 год.
Изработена е студијата „Елиминирање на загадувањето на кругот на Клиничкиот центар од штетна емисија на продукти на согорување”, финансиран од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање – Фонд за животна средина, 2004 год.
Организирани панел дискусии за можните мерки со кои може да се смали сиромаштијата во Македонија. Покрај предлозите за правилно доделување на социјалната помош. беа предложени и мерки за доделување на бесплатен огрев, бесплатна или поевтина електрична енергија за сиромашните граѓани и сл. Врз основа на овие дискусии, се наметна задачата да се бара од Државата да се посвети поголемо внимание на мерките за борба против енергетската сиромаштија , како една од мерките во борбата против вкупната сиромаштија . Дел од материјалот кој беше приготвен за потребите на Алијанста за штедење на енергија, беше доставен до Министерството за финасии, за да биде внесен во Стратегијата за борба против сиромаштијата и во Макроекономската политика за 2004 година.
|