KIDS CORNER на Европската Комисија достапен и на македонски јазик
По долгогодишни напори, Македонија и македонскиот подмладок е поблиску до европските програми за енергетска ефикасност наменети за деца. МАЦЕФ ja реализираше информативната веб страница Kids Corner од ManageEnergy на македонски јазик.
ManagEnergy е иницијатива на Европскиот Генерален Директорат за енергија и транспорт. Таа поддржува и промовира локални активности за ефикасност, обновливи извори и транспорт преку мрежа на локални агенции за енергетика и други чинители. Дел од најважната комуникациска алатка е веб страната на која содржи голем спектар на содржини за енергетска едукација на наставници, деца и професионалци за енергетика.
http://www.managenergy.net/kidscorner, е само дел од оваа веб страница, наменет за деца со онлајн пристап и тоа од 7-11 години и 12-16 со информации за климатските промени, заштеда на енергија и разни обновливи извори на енергија – биогорива, ветер, хидро и сончева енергија.
МАЦЕФ ја продолжува соработката со Kids Corner во насока за овозможување на учество на ликовниот и фото натпревар што секоја година го организира Детското аголче за децата од земјите на Европската Унија.
|