На почеток...

Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ во Скопје е доброволно научно здружение, основано да делува во рамките на Република Македонија и надвор од неа, регистрирано во декември 2002 година.

МАЦЕФ е член-оснивач на меѓународната мрежа за ефикасно користење на ресурсите RENEUER (Regional Network for Efficient Use of Energy and Water Resources), во чиј состав влегуваат: Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Црна Гора и Хрватска. Делегиран национален експерт е Проф. Д-р Константин Димитров (Машински факултет - Скопје).

МАЦЕФ е дел од мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transport www.managenergy.net.

МАЦЕФ е член на БИСЕ Форумот (Building Integration for Sustainable Energy), во кој членуваат 21 земја од Европа. Претседателот на МАЦЕФ, Проф. Д-р Константин Димитров е член на секретаријатот.

Мисијата на МАЦЕФ е:

  • да промовира мерки, совети и експертизи за ефикасно управување со потрошувачката на енергија и вода за пиење, како и да учествува во нивната реализација;
  • да промовира и реализира мерки за ефикасна заштита на околината;
  • да учествува во креирањето на енергетската политика и планирањето на развојот на енергетиката и енергетските ресурси, во развојот и промоцијата на научната мисла во доменот на ефикасното користење на ресурсите и да изработува и спроведува акциони планови за енергетска ефикасност при единиците за локална самоуправа;
  • да ги обедини инженерите, финансиерите, екологистите и економистите во заедничка активност пред извршните органи на државата;
  • да овозможи поцврста меѓусебна соработка, размена на искуства и меѓусебна помош меѓу членовите со сродни организации во странство;
  • да стане член на меѓународните консултантски организации од кои се регрутираат експерти за консултантски услуги во меѓународни проекти.


МАЦЕФ е Организација која се занимава со давање на интелектуални и други експертски услуги, од следните области:

  • проектирање и реновирање на системите за греење и вентилирање на училишта и други јавни објекти со примена на современи методи за енергетска ефикасност;
  • еколошки проекти и експертизи.
  • климатизација, затоплување, разладни системи и осветлување;
  • користење на алтернативни извори на енергија;
  • пренос на електрична енергија, трансформатори за струја со низок и висок напон;
  • рециклирање и користење на градскиот смет како извор на енергија.
 
Линк кон Energy Saving International AS
Линк кон RENEUER
Линк кон ManagEnergy
Линк кон Alliance to Save Energy
Линк кон BISE
© 2006. МАЦЕФ - Македонски Центар за Енергетска Ефикасност | Правна рамка
Urbanized by 6th Star