На почеток...

Излезе од печат првиот толковник на стручни изрази од германски на македонски јази


prazno Излезе од печат првиот германско-македонски Толковник со стручни изрази од областа на енергетската ефикасност, во издание на МАЦЕФ. Автор на толковникот е г. Георги Трајановски, интегриран експерт на CIM од Германија, кој е на двегодишен работен престој во МАЦЕФ како експерт за енергетска ефикасност.

„Со сè поинтензивното актуелизирање на темата енергетска ефикасност во Македонија, се потврдува проблематиката на јазичната бариера при употреба на изрази од стручна литература и тематика. Толковникот е наменет за олеснување на работата на повеќе целни групи и тоа: стручни лица од оваа област, студенти на стручни школи, преведувачи на стручна литература и пошироко.“ - вели авторот во предговорот кон изданието.


Јазичната и техничката подготовка ја реализираше МАЦЕФ во соработка со ГТЗ во Македонија, додека печатењето целосно го овозможи канцеларијата на ГТЗ.

Примероци од толковникот се достапни во просториите на МАЦЕФ по симболична цена од 100 денари.

 

Линк кон Energy Saving International AS
Линк кон RENEUER
Линк кон ManagEnergy
Линк кон Alliance to Save Energy
Линк кон BISE
© 2006. МАЦЕФ - Македонски Центар за Енергетска Ефикасност | Правна рамка
Urbanized by 6th Star